Шпанија: Три лица загинаа во трка со бикови

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Три лица загинаа во изминатите 24 часа откако претрпеа сериозни повреди на традиционална трка со бикови во шпанскиот регион Валенсија, соопштија во средата локалните власти.

Тројца мажи се здобија со сериозни повреди за време на трките со бикови што се одржаа во рамките на летниот фестивал. Иако беа повредени во различни денови, тие починаа за неколку часа еден од друг оваа недела.

Малиот град Пикасен прогласи ден на жалост поради смртта на својот жител кој се здоби со сериозни повреди на главата во борба со бикови. Тој почина откако помина повеќе од една недела на одделот за интензивна нега.

За време на осумдневниот фестивал на Свети Фермин во Памплона, кој е познат како најпопуларна „фиеста“, осум лица беа избодени, но жителите и туристите беа воодушевени од враќањето на фестивалот, кој не се одржа изминатите две години поради пандемијата на Ковид-19.

Досега се повредени вкупно 478 лица. По трките, биковите се убиваат во арените каде што се одржуваат борбите со бикови.

Здружението за заштита на животните ПАЦМА побара забрана на оваа „сурова и опасна“ традиција.

Слични содржини