Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да може да настапи на УС Опен, последниот Гренд слем турнир во сезоната, соопштија организаторите.
Ѓоковиќ се најде на списокот учесници на УС Опен, но организаторите најавија дека ќе ја почитуваат одлуката на американските власти кои не дозволуваат влез на невакцинирани странци во земјава.
„УС Опен не воведе задолжителна вакцинација за своите учесници, но ќе ја почитува одлуката на Владата на САД за влез во земјата на невакцинирани неамерикански граѓани“, најавија организаторите на последниот Гренд слем во сезоната.
Ѓоковиќ постојано повторуваше дека не сака да се вакцинира против коронавирусот, а поради ваквиот став го пропушти и првиот голем турнир сезонава, Австралија опен.
Српскиот тенисер неодамна го освои Вимблдон и стигна до својата 21. Гренд слем титула, а толку има само Рафаел Надал, кој најави дека ќе биде подготвен за УС Опен.