Клуб за македонско-бугарско пријателство: Постигнат напредок во односите меѓу двете земји, нѐ чека многу работа

од Nikola Popovski
199 прегледи

Клубот за бугарско-македонско пријателство го поздравува напредокот во подобрување на односите меѓу Бугарија и Македонија постигнат со прифаќањето на европскиот предлог од двете земjи.

-Ги поздравуваме нашите две влади и двата парламента за покажаната политичка смелост, како и усилбите на Франција и Европската унија за постигнатото решение. Разбираме дека ова е само почеток на еден сложен и повеќедимензионален процес кој треба да добие општествена поддршка во двете држави, велат од Клубот.

Од таму додаваат дека се убедени дека тоа може да биде постигнато само со активна и сесрдна размена на сите нивоа меѓу двете општества.

-За остварување на заедничките цели потребни се потенцијалот и усилбите на сите заинтересирани страни: невладиниот сектор, академските институции, граѓанското општество, луѓето од бизнисот… Нѐ чека многу работа за создавање услови нашите односи да не бидат развивани само на високо политичко ниво; треба да се започне позитивен разговор меѓу различни учесници во општествата и во двете држави. Само така ќе можеме да го надминеме меѓусебното непознавање кое дозволува за „херои“ на нашите односи да бидат претставувани само оние кои всадуваат страв и омраза меѓу нас. Овие „актери“ треба да бидат заменети од луѓе кои поврзуваат, а не нѐ разделуваат од луѓето кои градат мостови, врски и разбирање, без да сеат омраза и реваншизам, стои во соопштението од Клубот за бугарско-македонско пријателство.

Слични содржини