Како резултат на она што се случува, Украина може да ги загуби „остатоците од својот суверенитет“ и да исчезне од светската мапа, предупреди поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во својот канал „Телеграм“. Во моментов е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.
Во објавата со наслов „Нивните гревови. Кои не се руски“, Медведев коментира дека во зима „на Европејците ќе им биде пеколно студено во своите домови“, а инфлацијата во Европа и во САД е на највисоко ниво во последните децении. Причина за тоа е фактот што „европските будали“ прифатија, принудени од САД, да ги сносат најболните последици од санкциите против Русија.
Во својата изјава Медведев го нарече американскиот претседател Џо Бајден „чуден дедо со деменција кој ги заборавил своите должности“, а раководството на Европската унија „урбани лудаци кои изгубиле контакт со реалноста“. Според него, Брисел ги тера „несреќните Украинци“ да ги жртвуваат своите животи за нивен влез во ЕУ.
Украина ја загуби својата државна независност во 2014 година кога дојде под директна власт на колективниот Запад и веруваше дека НАТО ќе ја гарантира нејзината безбедност, напиша уште поранешниот руски претседател.
Според него, во моментов „бројни политички измамници“ ја искористуваат темата за обновувањето на државноста на Украина во нејзините поранешни граници, потпирајќи се на новите воени нарачки.