Мицкоски: Ако некој мисли дека ова ќе се заборави и дека секоја работа ќе трае два-три дена, се лаже

од Nikola Popovski
99 прегледи

Шокантно е сето ова. Ќе имаме многу за корегирање кога ќе ја преземеме власта и ќе има многу за одговори кога ќе треба овие политичари да одговорат, кога ќе бидат повикани за одговорност. Ако некој мисли дека ова ќе се заборави и дека секоја работа ќе трае два-три дена се лаже. Наша обврска е тоа прашање да им го поставиме кога ќе дојде денот, бидејќи сега, со оваа заробено судство, обвинителство, органи на прогон, тешко дека може нешто да се направи. Но, многу скоро ќе дојде денот кога ќе побараме одговор, зошто беше потребно сево ова?, вака одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање денеска од општина Аеродром, откако беше запрашан како гледа на Унилатералната декларација за македонскиот јазик до ЕУ, поднесена од Министерството за надворешни работи.

Тој потенцира дека денес бил на факултетот каде што работи и дека неговите колеги инженери, како и лингвистите се потресени и зачудени од едностраната изјава за јазикот.

-Со згрозување гледаат. Просто на луѓето не им се верува дека македонски политичар може да стави потпис на таков документ. Не знам зошто е потребно македонската влада да го појаснува македонскиот јазик кога тој има своја јасна антропологија, уште во времето на многу преродбеници во минатото, рече Мицкоски пред присутните.