Дефанзивецот на Баерн (Минхен) Бенџамин Павар е предмет на интерес на неколку европски гиганти, тврди „Екип“. Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна откако Германците потпишаа договор со Матијас де Лихт од Јувентус. Се погласно се зборува дека може да биде продаден, а кандидати за неговиот потпис не недостасуваат.
Според информациите, Јувентус, Челси, Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед будно ја следат ситуацијата околу дефанзивецот и се подготвени да влезат во битка за неговиот потпис. И самиот фудбалер е свесен за интересот за себе и сериозно размислува за својата иднина.
Павар беше донесен во Баерн од Штутгарт во 2019 година за 35 милиони евра. Досега за Баварците има 119 настапи, 5 гола и 11 асистенции. Покрај тоа, тој е француски интернационалец со 45 натпревари и 2 гола, а со „петлите“ ја освои светската титула во 2018 година.
Во Баерн, Павар често беше користен во улогата на десен бек, но тој самиот неодамна призна дека повеќе сака да работи во центарот на одбраната. Постои шанса тој да избере да оди во тим што сака да го користи во таа улога.