Состојки:
(за 2 лица)
– леб по желба
– маслиново масло
– лук
– сирење моцарела
– 3 свежи домати
– 1 лажичка песто сос
– оригано, босилек
– сол, бибер
– пармезан
Подготовка:
Доматите и моцарелата исечкајте ги на коцки, ставете ги во сад, па измешајте ги пестото, ориганото, солта и биберот по желба.
Исечете го лебот на парчиња, прелијте го со маслиново масло и лесно запечете го во рерна или тостер додека не почне да зарумени и да стане крцкав.
Потоа зачинете го лукот по површината каде што е прелиено маслото.
На вака приготвениот леб намачкајте ја смесата од домати, моцарела и зачини и на крај посипете со рендан пармезан по желба.
Ставете ги во рерна на 250 степени и печете околу пет минути, додека кашкавалот не порумени.
Кога ќе ги извадите брускетите од рерна, треба да наросете уште малку маслиново масло и да ги посипете со исечканите листови босилек.