Ковачевски на работна средба со Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Ми беше чест да бидам домаќин на работната средба со Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум кој ги координира шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, напиша премиерот Димитар Ковачевкси на неговиот фејсбук профил.

– Имавме плодна дискусија за унапредување на регионалната економска соработка и тековните проекти помеѓу нашите земји кои ќе помогнат во економското постковид закрепнување. Дополнително разговаравме и за Регионалниот Фонд за предизвици, преку кој се достапни повеќе од 35 милиони евра грантови за имплементација на модели на дуално образование во Западен Балкан, објави премиерот Ковачевски на фејсбук.