Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри постави цел на тимот да ја освои титулата.
Минатата сезона беше прва за „бјанконерите“ под водство на Алегри, во која не станаа шампиони. Стручњакот се врати во клубот минатото лето откако беше прекината серијата на Јуве од девет последователни титули.
Последните две сезони тимот заврши на четвртото место во Серија „А“.
„Јувентус, како и секогаш, сака да ги постигне сите цели. Некои врвни играчи пристигнаа ова лето: некои искусни, некои млади. Исто така, тоа е мојата втора сезона, така што почнуваме на добра основа. По нашата прва сезона без трофеј по 10 години, сега имаме обврска да го освоиме Скудетото“, рече Алегри пред првиот натпревар на тимот во САД, кој е против мексиканскиот Чивас во Лас Вегас.