Уплатил за одмор – туристичката агенција ниту резервирала термин, ниту му ги вратила парите

од Nikola Popovski
128 прегледи

Жител од гостиварско пријавил дека бил измамен од сопственик на туристичка агенција од Скопје за сума од 1500 евра.

-На 21.07.2022 во 19.30 часот во Полициската станица Гостивар, 36-годишен маж од гостиварско село пријавил дека бил измамен од М.К.(36) од Скопје, сопственик на туристичка агенција од Скопје за сума од 1500 евра и 500 швајцарски франци.

Според пријавеното, на 18.05.2022 резервирал термин за одмор за 13.07.2022, по што со нотарски договор му ги дал парите. Како што е пријавено, М.К. ниту му резервирал термин за одмор, ниту пак ги вратил парите, стои во полицискиот билтен.

Се работи на расчистување на случајот.