Одобрена вакцина против мајмунски сипаници

од Nikola Popovski
246 прегледи

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека одобрила вакцина против големи сипаници и за употреба во превенција од мајмунски сипаници, болест која се шири и за која Светската здравствена организација може да издаде максимално предупредување.

„Комитетот за лекови за човечка употреба при ЕМА препорача антивирусната вакцина Имванекс да биде вклучена во заштитата на возрасните од мајмунски сипаници“, соопшти европскиот регулатор за лекови. Се смета дека вакцинацијата против сипаници обезбедува цврста заштита од мајмунски сипаници, но не е познато колку долго трае заштитата по вакцинацијата.

Во јуни истиот комите започна со евалуација на податоците за проширување на индикацијата на вакцината Imvanex за нејзина употреба во заштитата од мајмунски сипаници.

Вакцината Имванекс, произведена од данската компанија „Bavarian Nordic“, е одобрена во ЕУ од 2013 година за превенција од сипаници. Ситуацијата со мајмунски сипаници се влоши во последните недели, со повеќе од 15.300 случаи во 71 земја, според најновите податоци на здравствените власти во САД.

Слични содржини