Министерот за економија, Крешник Бектеши информира дека денеска остварил средба со новоименуваната амбасадорка на Швајцарија во нашата земја, Вероник Улман.
Бектеши ѝ посакал многу успех во вршењето на новата должност и се заблагодарил за досегашната поддршка која што ја добива Република Северна Македонија од швајцарската Влада.
-За време на состанокот разговараавме за нашите активностите што ги превземавме за поддршка на граѓаните за време на кризата, како и мерките за справување со енергетската криза која што ја зафати Европа и севтот. Двете земји имаат традиционално одлична соработка, за што и двајцата се согласивме дека има простор за унапредување. Уште еднаш ги потврдивме заедничките заложби за продолжување на комуникацијата во насока на подобрување на економските релации на нашите земји и изнаоѓање на најсоодветни решенија за економски развој, соопшти Бектеши.