111
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во петокот во интервју за „Wall Street Journal“ дека прекинот на огнот со Русија без враќање на изгубените територии само ќе ја продолжи војната, пренесе Ројтерс.
Украинскиот претседател предупреди дека прекинот на огнот што ѝ овозможува на Русија да ги задржи окупираните украински територии заземени од февруарската инвазија само ќе поттикне поширок конфликт, давајќи и на Москва многу потребната можност да ја обнови својата војска и да се вооружи за продолжување на војната.
„Замрзнување на конфликтот со Руската Федерација значи пауза за одмор на Русија“, изјави Зеленски за „Wall Street Journal“ , пренесува Ројтерс.