Куба ја отвора вратата за истополови бракови

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Кубанскиот парламент усвои промена на законот за семејство со кој се отвораат вратите за истополови бракови, гарантираат поголеми права за жените и подобра заштита на децата, постарите лица и другите членови на семејството, објави Ројтерс.

Изменетиот закон за семејство ќе биде ставен на референдум на 25 септември по долгата дебата во заедницата претходно оваа година, каде што иницијаторите на законот рекоа дека 62 отсто од учесниците изразиле поддршка за промените.

Новиот законик за семејно право промовира „љубов, наклонетост, чувствителност, почит кон другите и хармонија во семејствата“, изјави кубанскиот министер за правда Оскар Мануел Силвера.

Слични содржини