Мајмунски сипаници за првпат идентификувани во Америка и кај дете

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Мајмунска сипаница е идентификувана во САД за прв пат кај деца – мало дете во Калифорнија и бебе кое не е граѓанин на Америка се заболени, соопштија здравствените власти.

Случаите не се поврзани и веројатно се резултат на пренос во домаќинство, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), објави Ројтерс.

Од агенцијата изјавија дека детето е во добра состојба и се лекува.

Досега оваа година, повеќе од 14.000 случаи на мајмунски сипаници се пријавени во повеќе од 60 земји, како и пет смртни случаи во Африка.

Заменик-директорот на одделот за патологија при ЦДЦ, Џенифер МекКвистон, рече дека не е изненадување што се појавиле случаи на мали сипаници кај деца, но додаде дека „нема докази дека вирусот се шири надвор од заедниците кои се геј, бисексуалци“, односно во ситуации кога мажите имале сексуални односи со други мажи.

Таа рече дека 99 отсто од 2.891 случаи на мајмунски сипаници во САД биле потврдени кај мажи кои имале секс со мажи, но имало и голем број жени и трансродови мажи кои исто така се заразиле.

Координаторот за одговор на коронавирусот на Белата куќа, Ашиш Џа, рече дека владата нарачала 300.000 дози вакцини против мајмунски сипаници и работи на увоз на пратка од Данска од уште 786.000 вакцини.

Слични содржини