Тухел: Го разбирам Аспиликуета, но не сакам да го пуштам во Барселона

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Менаџерот на Челси, Томас Тухел изјави дека е малку иритиран од желбата на Барселона да го ангажира капитенот на лондонскиот клуб, Цезар Аспиликуета. 32-годишниот дефанзивец има договор на уште една година и побара од клубот да си замине за да се врати во родната Шпанија.

Тухел изјави дека не знае дали да му ја исполни желбата на играчот.

Запрашан дали го нервира интересот на Барселона, Тухел одговори: „Веројатно малку“.

На прашањето за иднината на фудбалерот, тој објасни: „Тоа е тешко прашање бидејќи не сум сигурен дека сакам да му го дадам на Аспи она што го сака. Во одреден момент, се работи за тоа што тој сака. Направив споредба како се боревме за Кулибали, кој е репрезентативец и на слична возраст. Тој е исклучително важен играч за Наполи и имаме шпански репрезентативец кој е капитен на Челси. Го гледам на исто ниво, но Барселона не го гледа на слично ниво“.

Слични содржини