Земјотрес во БиХ ја вознемири и Хрватска, траел 10 секунди

од Nikola Popovski
160 прегледи

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина околу 10:08 часот, а бил почувствуван и во Пожега.

Според апликацијата ЕМСЦ, епицентарот бил на 72 километри северно од Бања Лука на длабочина од околу 10 километри.

Според соопштението на Сеизмолошката служба на Република Хрватска, земјотресот е регистриран во 10 часот и 8 минути, бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил северно од Бања Лука, помеѓу Ивањска и Лакташ, пренесува „Јутарњи лист“.

Сеизмолозите го окарактеризираа земјотресот како слаб, а интензитетот во епицентарот го проценија на III-IV степен според ЕМС.

„Почувствувавме прилично земјотрес. Се тресеше 10 секунди“, е само еден од коментарите на апликацијата ЕМСЦ, пренесува „24sata.hr“.

Слични содржини