Тешка сообраќајка во битолско: Загина возач

од Nikola Popovski
156 прегледи

МВР информира дека возач загинал во тешка сообраќајна несреќа во битолско. Според СВР Битола несреќата се случила на местото од патот викано „Бели Мост“ кое се наоѓа пред селото Лисолај.

-На 22.07.2022 во 21.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Демир Хисар, на место викано „Бели Мост“ пред с.Лисолај, патничко моторно возило „форд фиеста“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Битола, излетало од патот.

Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола, стои во полицискиот билтен.

Слични содржини