Отворен српскиот конзулат во Охрид: „Се продлабочува соработката меѓу нашите блиски и пријателски земји“

од Nikola Popovski
214 прегледи

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска го поздрави отворањето на Почесниот конзулат на Република Србија во Република Северна Македонија со седиште во Охрид, кој ќе го претставува почесниот конзул Михајло Филев.

-Ова е уште една потврда и силен поттик за унапредувањето и за продлабочување на билатералната соработка меѓу нашите две блиски и пријателски земји, во сите области од заемен интерес, посебно на планот на економско-трговската соработка, културата и особено во делот на туризмот, кажа Стојчевска.

Министерката очекува да биде потпишана и новата Програма за културна соработка, која значајно ќе ја збогати презентацијата на македонската култура во Србија, но и претставувањето на српската култура во земјава.

-Врз остварувањето на овие заеднички цели, верувам, значајно ќе влијае и отворањето на културно-информативните центри во двете земји.

Светла иднина нашите две држави имаат и во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ каде што имаме можности за заедничка соработка. Тука сме да ги помогнеме културата и уметноста во нивната мобилност, во отворањето заеднички фондови, размена на информации и искуства, заеднички настапи, да внесеме иновативност и да ги обединиме нашите потенцијал, изјавила Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура ги поздравила напорите и залагањата на амбасадорката на Република Србија за конструктивната соработка и одличното претставување на српската култура во нашата земја.

Слични содржини