СЗО ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за глобална вонредна состојба

од Nikola Popovski
195 прегледи

Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за глобална здравствена вонредна состојба.

Класификацијата е највисокото предупредување што може да го издаде СЗО и следи по зголемувањето на бројот на случаи ширум светот.

Тоа се случи на крајот на вториот состанок на Комитетот за итни случаи при СЗО за болеста, пишува Би-Би-Си.

Досега се пријавени повеќе од 16.000 случаи од 75 земји, рече генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус.

Фото: Shutterstock

Слични содржини