Блинкен остро го осуди рускиот ракетен напад врз Одеса

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен остро го осуди рускиот ракетен напад врз пристаништето Одеса во Украина во саботата и рече дека Русија е одговорна за продлабочување на светската криза со храна, објави Стејт департментот.

Блинкен рече дека овој руски напад „ја поткопува посветеноста на ОН, Турција и Украина за испорака на основните прехранбени производи на светските пазари“.

„Само 24 часа откако беше постигнат договор кој ќе овозможи продолжување на украинскиот извоз на земјоделски производи преку Црното Море, Русија ги прекрши своите обврски со нападот на Одеса. Кремљ продолжува да покажува непочитување за безбедноста на милиони цивили“, рече Блинкен.

Слични содржини