Најмладиот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, 17-годишниот Круз, моментално е на семеен одмор каде ја однел својата девојка – витка и висока русокоса, од која е неразделен.
Круз моментално се одмара со родителите со кои прво беше во Хрватска, па во Италија, а потоа во Сен Тропе, а ја зеде и својата девојка со која беше фотографиран во страсни прегратки и бакнежи.
Британските медиуми дознаа дека се работи за Тана Холдинг, а веќе докажача и дека е исклучително блиска со целото семејство на нејзиниот избраник. Таа беше снимена како се дружи со најмладиот член, сестрата на Круз, Харпер Севен, а подоцна и со неговиот татко Дејвид.
Парот наводно е во врска веќе неколку месеци, а ова е првпат поранешниот фудбалер и пејачка на „Спајс Грлс“ да ја повикаат Тана да помине време со нив.
Тоа не е необичен потег, особено што постарите синови, Бруклин и Ромео, добија ист третман.