Хрватската полиција објави нова информација за несреќата што се случи доцна синоќа во која туристички брод со патници удри во сплитското западно крајбрежје.
Полицијата соопшти дека по инцидентот, капетанот на бродот бил приведен на увид во службените простории, кога било утврдено дека е во алкохолизирана состојба и поради тоа е поднесена кривична пријава за загрозување на безбедноста на сообраќајот.
Да потсетиме, во 2 часот и 30 минути по полноќ, туристичкиот брод удрил во пристаништето на бензинската пумпа, која се наоѓа на брегот на Бранимир.
-На бродот имало 50 патници и сите успеале да се симнат од бродот до брегот и за среќа нема повредени, пренесува „Index.hr“.
На местото на настанот излегле пожарникари, вработени во Капетанијата на пристаништата и полициски службеници.