Победник на Големата награда на Франција е Макс Верстапен од Ред Бул, а заедно со него на подиумот се најдоа и двајцата возачи на Мерцедес: Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
Верстапен ја искористи можноста што му се отвори кога тогаш водечкиот Шарл Леклер се повлече во 18-от круг. Возачот на Ферари, кој е единствениот сериозен предизвикувач на Холанѓанецот во трката за титулата, излета и се заби во заштитната ограда, што му даде можност на Верстапен што не ја пропушти – се прошета до победата и ја зголеми предноста во поредокот кај возачите со неверојатни 63 поени пред Леклер (233:170).
Charles Leclerc team radio after his crash pic.twitter.com/26VijY8b5a
— duslé | F1 & WEC fan (@dusle17) July 24, 2022
По Верстапен, целта ја минаа Хамилтон и Расел, што е првпат во оваа сезона и двајцата возачи на Мерцедес да завршат на подиумот.
Четвртото место го освои Серхио Перез во Ред Бул, а петти Карлос Саинц од Ферари кој стартуваше од 19. позиција откако беше казнет поради промена на неколку компоненти на својот болид.
Следната трка е Големата награда на Унгарија која ќе се вози во недела на 31 јули. По трката на Хунгароринг во Формула 1, следува летен одмор кој ќе трае четири недели.