Украина како земја повеќе не постои, таму се ограбуваат парите кои им ги дава Западот, вели заменик-началникот на регионот Керсон, Кирил Стремусов.
„Објективно гледано, сега едноставно ги ограбуваат сите пари што им ги дава Западот“, рече Стремусов, пренесува РИА Новости.
Во средината на март, руската армија ја презеде контролата врз регионот Керсон и дел од регионот Запорожје околу Азовското Море.
На тие територии беа формирани воено-цивилни управи, почнаа да се емитуваат програми на руски ТВ канали и радио станици, а како платежно средство беше воведена рубљата.
Беше најавено и дека ќе се одржат референдуми за приклучување кон Русија.