Поранешниот украински кошаркар Слава Медведенко одлучи да ги продаде своите два шампионски прстени во НБА лигата, кои ги освои како член на Лос Анџелес Лејкерс во 2001 и 2002 година, а сите пари од продажбата ќе бидат наменети за помош на неговата земја, разурната од војна.
Целта на Фондацијата Медведенко е да ги поддржи украинските деца со обновување на спортската инфраструктура во училиштата и започнување мрежа на социјални спортски клубови.
– Сакаме да ги обновиме салите и просториите за обука бидејќи руската армија бомбардираше повеќе од 100 училишта. На нашата земја и требаат многу пари за обнова на училиштата, а спортските сали ќе бидат последни во редот за поправка. Во Украина во текот на зимата децата мора да си играат во затворени простории – изјави Медведенко.
Аукцијата за прстените на Медведенко ќе трае од среда, 27 јули до петок, 5 август, а се проценува дека ќе достигне цена од најмалку 100.000 долари.
Меведенко (43) за време на војната служел и во Територијалната одбрана на Украина.