235
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретна со постојаните претставници на земјите-членки на Арапската лига и изрази мислење дека светот влегува во „нова ера“.
„Ние сме на почеток на нова ера. Зборувам за движење насочено кон вистински мултилатерализам, а не оној што Западот се обиде да го наметне“, рече Лавров на средбата, пренесуваат руските прорежимски медиуми.
Да потсетиме дека поради западните санкции на Русија по почетокот на војната во Украина, Москва го сврте своето економско кормило во други правци, односно најмногу кон неевропските земји.