238
Симптомите на американскиот претседател Џозеф Бајден на ковид-19 „речиси целосно исчезнаа“, соопшти денеска официјално неговиот лекар.
Американскиот претседател во четвртокот бил позитивен на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.
„Претседателот рече дека во овој момент има само назална конгестија и минимална засипнатост“, потврди лекарот на Бајден, д-р Кевин О’Конор во изјавата објавена од Белата куќа.