Велика Британија: Нема индикации дека имало украински брод и ракети во Одеса

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Британското министерство за одбрана денеска соопшти дека „нема индикации“ дека украински воен брод и резерви противбродски проектили биле на пристаништето во Одеса во неделата, откако Русија претходно објави дека ги уништила тие цели со ракети со висока прецизност.

„Русија ќе продолжи да дава приоритет на напорите за деградирање и уништување на противбродската способност на Украина. Сепак, процесите на руско таргетирање веројатно ќе бидат рутински поткопани од застарени разузнавачки информации и лошо планирање“, се вели во соопштението на британското Министерство за одбрана, пренесе „Ројтерс“.

Руското министерство за одбрана во неделата објави дека руската морнарица уништила украински воен брод и складиште на американски ракети Харпун во пристаништето Одеса.

Слични содржини