Пирели: Може да има изненадувања во Унгарија

од Vladimir Zorba
302 прегледи

На трката за Големата награда на Унгарија, возачите ќе ги користат „сликовите“ лоцирани во средината на опсегот на Пирели – од C2 до C4. Ова е петти пат компанијата да го прави овој избор оваа сезона, а гумите се истите, што ги користеа возачите на „Пол Рикар“ викендов.

„Знаеме од претходните години дека претекнувањето на Хунгароринг не е лесно, но новите болиди и новите „сликови“ за оваа сезона овозможуваат бркање на многу пократки растојанија, веќе видовме одлични трки со многу претекнувања, па затоа се надевам на таква битка и во Унгарија“, изјави првиот човек на „Пирели Моторспорт“ – Марио Изола.

Сепак, дали жештината крај Будимпешта ќе биде иста како онаа на „Пол Рикар“?

„Нормално, трката за ГН на Унгарија се одвива на многу високи температури, но во последните две години таму врне дожд, па се уште е рано за точни прогнози – додаде Изола. – Веќе видовме некои изненадувања во Унгарија во последните години, така што ова може да продолжи и сега.

Слични содржини