Сега сте свои на своето. Така се создава силна Армија, кажа министерката за за одбрана Славјанка Петровска на доделувањето на договорите за откуп и сопственост на станови од поранешниот фонд на ЈНА .
Четириесетина семејства на припадници на Армијата и Министерството за одбрана (МО) кои се корисници на станови што потекнуваат од станбениот фонд на поранешната ЈНА или се добиени по пат на замена на недвижен имот што потекнува од ЈНА денеска се стекнаа со сопственост на нивниот имот.
-Така се мотивираат припадниците да бидат уште подобри и уште попосветени во своите задачи. За празни зборови и неиздржани ветувања во Армијата едноставно место нема, порача Петровска по врачувањето на договорите.
Таа нагласи дека на оние припадници на Армијата кои немале можност да добијат стан од овој Фонд, Министерството за одбрана им исплаќа месечен станбен надоместок од 9.000 денари затоа што, како што рече, секој припадник на Армијата е подеднакво важен.
-Со ваквите мерки кои се предвидени овозможуваме да не постои дискриминација помеѓу нашите војници. На припадниците на Армијата и на Министерството кои денес ги добија овие договори сакам да ви се заблагодарам за истрајноста и трпеливоста сите овие години и вам и на вашите колеги да ви порачам Министерството секогаш ќе биде ваша поддршка, порача Петровска.