Роскосмос: Русија се повлекува од Меѓународната вселенска станица по 2024 година

од Stefanija Kuzmanovska

Русија одлучи да се повлече од проектот на Меѓународната вселенска станица (МВС) по 2024 година, a сите обврски кон партнерите ќе бидат исполнети, изјави денеска новиот шеф на „Роскосмос“, Јури Борисов, по средбата со претседателот на земјата Владимир Путин.

Борисов откри дека го информирал Путин дека „Роскосмос“ работи според претходно воспоставен план со меѓународните партнери на МВС и дека Москва секако ќе ги исполни своите обврски, но дека одлуката за повлекување на Русија од станицата по 2024 година е веќе донесена, пренесе ТАСС.

Путин бил информиран дека одлуката за повлекување на Русија од станицата по 2024 година е донесена.

Слични содржини