Суарез се враќа во матичниот клуб

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Напаѓачот Луис Суарез следната сезона ќе игра за својот матичен тим Национал Монтевидео, објави тој на социјалните мрежи. 35-годишниот фудбалер го напушти Атлетико Мадрид на слободен трансфер и ги одби понудите на гигантите Ривер Плата и Борусија Дортмунд за да се врати во Уругвај. Суарез е дете на академијата на Национал, а професионалната кариера ја започна во клубот во 2005 година.

„Ви благодарам на сите вас (навивачите) за поддршката што јас и моето семејство ја добивме во последните денови. Тоа ни ги стопли срцата во време кога требаше да направиме важен избор. Беше невозможно да го одбијам Национал и веќе имам преддоговор со тимот“, напиша Суарез. „Во следните неколку дена ќе завршиме со разговорите за деталите. Се надевам дека ова ќе се случи што е можно поскоро и ќе се видиме повторно“.

Суарез постигна 32 гола на 67 натпревари за Атлетико. Тој ќе се обиде да го врати Национал на врвот во Уругвај, откако титулата минатата сезона ја освои големиот ривал Пењарол.

Слични содржини