Вест Хем ја доби битката за Скамака

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Напаѓачот Џанлука Скамака од новата сезона ќе настапува за Вест Хем, соопштија од клубот. 23-годишниот фудбалер ги договорил личните услови со лондончани, а „чеканите“ се договориле и со неговиот сегашен клуб Сасуоло околу цената на играчот. Англичаните ќе платат 36 милиони на рака, плус уште 6 бонуси, а Сасуоло исто така ќе задржи 10% од секоја идна продажба на напаѓачот.

Скамака вчера ги помина задолжителните лекарски прегледи, по што потпиша договор со Вест Хем. Сепак, неговите параметри сè уште не се откриени. Јасен е и бројот кој фудбалерот ќе го носи во својот нов клуб и тој е #7.

На почетокот на својата фудбалска кариера, Скамака минувал низ школите на Лацио и Рома, а потоа на 16 години заминал во ПСВ Ајндховен. Потоа беше купен од Сасуоло во 2017 година, но првично не успеа да се пробие во првиот тим и беше позајмен на Кремонезе, Зволе, Асколи и Џенова.

Минатата сезона, сепак, Скамака се врати во Сасуоло и ги импресионираше сите, постигнувајќи 16 гола на 38 натпревари. Со добрите игри стигна и до репрезентацијата на Италија со веќе одиграни 5 натпревари за „азурите“.

Интерес за Скамака имаше и од Пари Сен Жермен, но на крајот Вест Хем ја доби битката за стрелецот.