Удари на гром за само 24 часа убиле 20 луѓе во осум области на источната индиска држава Бихар, јавува утринава Би-Би-Си.
За денеска и утре се предвидува повеќе грмежи со удари во северните делови на државата.
Официјалните лица на Бихар апелираа до жителите внимателно да ги следат советите на властите за управување со катастрофи и најавија дека ќе им биде исплатена отштета во вредност од пет илјади долари на семејствата на загинатите.
Во Индија секоја година стотици луѓе умираат од гром во грмотевици за време на монсунските дождови.
Големиот број на жртви се должи на тоа што голем број луѓе во Индија работат на отворено.