Џек Харлоу, Лил Нас Икс и Кендрик Ламар добија најмногу номинации – по седум – за MTV Video Music Awards, објави Асошиетед прес.
Статуетката доделена на победниците претставува астронаут кој слетува на Месечината – една од најраните слики на MTV. Создаден е од Manhattan Design, кои се дизајнери на оригиналното лого на MTV.
Телевизијата објави дека Лил Нас Икс и Харлоу се во можност да добијат почести во повеќе категории со нивниот заеднички хит „Industry Baby“, вклучувајќи и за Видео на годината. Тие се натпреваруваат за уметник на годината со Дрејк, Бад Бани, Ед Ширан, Хари Стајлс и Лизо.
Кендрик Ламар , кој е номиниран за прв пат од 2018 година, со два синглови „Family ties“ и „N95“ се бори за наградата во категоријата најдобра кинематографија.. Раперот има шанса да добие награда во категориите хип-хоп, режија, визуелни ефекти, монтажа.
Хари Стајлс и Дожа Кат имаат по шест номинации за MTV Video Music Awards. Ед Ширан, Били Ајлиш, Дрејк, Дуа Липа, Тејлор Свифт и Викнд имаат по пет.
Мадона е најнаградуваната музичарка во историјата на МТВ со 20 почести и е единствената уметничка која се натпреварувала за оваа чест во секоја од петте децении што се доделуваат Видео музичките награди. Таа сега ја има својата 69-та номинација за нејзиниот четиринаесетти студиски албум, Madame X.
Вкупно има 26 номинирани за првпат на MTV VMA, со Бејби Ким и Кејси Масгрејвс во по четири категории, Гејл и италијанскиот бенд Манескин во две.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 28 август во Prudential Center во Њуарк, Њу Џерси.