Две нови студии за потеклото на корона, заклучокот е ист: „Епидемијата започнала ВО ВУХАН“

од Stefanija Kuzmanovska

Две нови студии објавени во научното списание Science имаат сосема различни пристапи, но доаѓаат до истиот заклучок: пазарот за морска храна Ханан во Вухан, Кина, најверојатно бил изворот на епидемијата на коронавирус.

Следејќи ја препораката на Светската здравствена организација (СЗО) во јуни оваа година да продолжи да ги истражува сите можни извори на пандемијата на ковид-19, вклучувајќи го и „истекувањето“ на вирусот од лабораторијата, научници од целиот свет, користејќи алатки за мапирање и извештаите на социјалните мрежи, извршија просторна анализа и еколошка анализа и дојдоа до заклучок дека „точните околности на избувнувањето остануваат нејасни“, но дека вирусот најверојатно бил присутен кај живи животни продадени на пазар во Вухан кон крајот на 2019 година, пренесува Си-Ен-Ен.

Во една од студиите било наведено дека животните биле чувани толку блиску едно до друго што лесно можеле да разменуваат вируси, но научниот труд не утврдил кои животни се болни.

Истражувачите утврдиле дека најраните случаи на ковид-19 се случиле на пазарот меѓу продавачите кои ги продавале овие живи животни или луѓето што купувале таму, и тие веруваат дека животните заболеле од два одделни вируса кои подоцна биле пренесени на луѓето.

Втората студија има молекуларен пристап и одредува кога вирусот првпат бил пренесен од животните на луѓето.

Најраната верзија на коронавирусот, покажува истражувањето, најверојатно дошла во различни форми кои научниците ги нарекуваат типови А и Б.

Истражувачите сугерираат дека првиот пренос од животно на човек веројатно се случил околу 18 ноември 2019 година, од типот Б. Овој тип на вирус бил пронајден само кај луѓе кои биле на пазарот во Вухан.

Истражувачите се надеваат дека ќе можат точно да утврдат кој тип на животно првпат се заразил и како, бидејќи тоа би ги намалило шансите за идни пандемии, пренесува Си-Ен-Ен.

Слични содржини