Дефанзивецот на Аталанта, Хозе Луис Паломино падна на допинг тест, поради што е суспендиран, пренесуваат италијанските медиуми.
Аргентинскиот стопер беше позитивен на клостебол метаболит, синтетички стероид кој е на листата на забранети супстанци на ВАДА.
Паломино ненадејно беше тестиран за време на тренингот при подготовка.
„Националниот антидопинг трибунал привремено го суспендираше спортистот Хозе Луис Паломино поради прекршување на правилата. Причината e што за време на ненадејниот тест беше позитивен на анаболичен стероид“, се вели во соопштението на италијанската антидопинг управа.
Паломино во Аталанта е од 2017 година, а минатата сезона одигра 45 натпревари и постигна два гола.