239
Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов даде свој коментар за асфалтираните земјени патеки во Градски парк.
-Во Градскиот парк во Скопје, во таканаречениот турски дел (паркот е подигнат на почетокот на 20-ти век), постојат (постоеа, сега веќе) земјени пешачки патеки, останати таму како традиција. Стојат така повеќе од сто години.
До денес. Денес дојдоа “новите ветришта” …П.С. Изборот на асфалт како подлога за стази во парк, во денешно време, е ствар на тотално незнаење и дефинитивно на лош, ама многу лош вкус !!!, напиша Шилегов на Фејсбук.