152
САД ги уништуваат сите земји кои ги загрозуваат нивните политички интереси, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, наведувајќи ги како пример Југославија, Ирак, Либија и Сирија.
„Кога нашите американски колеги во минатото почувствуваа дека постои опасност за нивните политички интереси, тие ја бомбардираа Југославија во 1999 година, Ирак во 2003 година, Либија во 2011 година и многу други земји на илјадници километри од американскиот брег“, рече Лавров за време на неговата посета на Етиопија.
Тој истакна дека поради воените операции на САД практично се уништени градови како Мосул во Ирак и Рака во Сирија.