Кои се најдобрите ресторани во светот за 2022 година?

од Stefanija Kuzmanovska
309 прегледи

2022 година е уште една добра година за Копенхаген – 12 последователни месеци во кои ресторан во данската престолнина е прогласен за најдобар на планетата во рангирањето на 50-те најдобри ресторани во светот.

Geranium служи сезонско мени без месо во необичен амбиент – на осмиот кат на националниот фудбалски стадион на Данска.

Отворен е само четири дена во неделата, избор на готвачот Расмусен Кофоед и косопственикот Сорен Ледет за одржување на рамнотежа помеѓу работата и животот.

Двајцата пријатели ја добија наградата на раскошна церемонија во лондонскиот Old Billingsgate – викторијанска зграда која некогаш беше најголемиот пазар за риби во светот, јавува Си-Ен-Ен.

На рестораните им е дозволено само еднаш да ја земат главната награда, по што се внесуваат во посебна категорија Best of the Best. Членовите на оваа елитна група го вклучуваат соседот на Geranium од Копенхаген, Noma, како и Eleven Madison Park во Њујорк, The Fat Duck во близина на Лондон, Osteria Francescana во Модена, Италија и Mirazur во Ментон, Франција.

Јужноамериканските ресторани, исто така, имаат добри резултати. Во Лима, Central се искачува за две места на второто место, додека Maido, кој служи јапонско-перуански фузија, паѓа на 11-то место.

Бразилскиот A Casa do Porco се искачи за 10 места на 7-то место.

Настапот на Шпанија оваа година исто така беше солиден. Disfrutar во Барселона е број 3, Diverxo во Мадрид се искачува до четвртото место, додека Asador Etxebarri во Акспе – каде што сите јадења, дури и десертот, се печат на оган – паѓа на 6-то место.

Мексико Сити беше претставен со петтото место, кое го зазеде Pujol – овогодинешниот најдобар ресторан во Северна Америка – и Quintonil, кој од минатогодишното 27 место се искачи на 9-то место.

Италијанските Lido 84 и Le Calandre исто така напредуваа на рангирањето оваа година. Uliassi, во италијанскиот регион Сенигалија, е број 12 – највисоко рангиран дебитант во 2022 година.

Дури со број 20 се појави ресторан со седиште во Азија – Den во Токио е највисоко рангирана азиска дестинација за јадење.

Во 20-те години што се одржува рангирањето, ниту еден ресторан надвор од Европа или Северна Америка не бил рангиран на прво место. Досегашните победници се од Шпанија, САД, Обединетото Кралство, Данска, Италија и Франција.

Погледнете кои се 50-те најдобри ресторани во светот за 2022 година:

1. Geranium (Копенхаген, Данска)
2. Central (Лима, Перу) Најдобар ресторан во Јужна Америка
3. Disfrutar (Барселона, Шпанија)
4. Diverxo (Мадрид, Шпанија)
5. Pujol (Мексико сити, Мексико) Најдобар ресторан во Северна Америка
6. Asador Etxebarri (Акспе, Шпанија)
7. A Casa do Porco (Сао Пауло, Бразил)
8. Lido 84 (Гардоне Ривиера, Италија)
9. Quintonil (Мексико сити, Мексико)
10. Le Calandre (Рубано, Италија)
11. Maido (Лима, Перу)
12. Uliassi (Сенигалија, Италија)
13. Steirereck (Виена, Австрија)
14. Don Julio (Буенос Аирес, Аргентина)
15. Reale (Кастел ди Сангро, Италија)
16. Elkano (Гетарија, Шпанија)
17. Nobelhart & Schmutzig (Берлин, Германија)
18. Alchemist (Копенхаген, Данска)
19. Piazza Duomo (Алба, Италија)
20. Den (Tокио, Япония) Најдобар ресторан во Азија
21. Mugaritz (Сан Себастиан, Шпанија)
22. Septime (Париз, Франција)
23. The Jane (Антверпен, Белгија)
24. The Chairman (Хонконг)
25. Frantzén (Стокхолм, Шведска)
26. Restaurant Tim Raue (Берлин, Германија)
27. Hof van Cleve (Круишутем, Белгија)
28. The Clarence (Париз, Франција)
29. St. Hubertus (Сан Касиано, Италија)
30. Florilege (Токио, Јапонија)
31. Arpège (Париз, Франција)
32. Mayta (Лима, Перу)
33. Atomix (Њујорк, САД)
34. Hiša Franko (Кобарид, Словенија)
35. The Clove Club (Лондон, Велика Британија)
36. Odette (Сингапур)
37. Fyn (Кејптаун, Јужна Африка)
38. Jordnær (Копенхаген, Данска)
39. Sorn (Банкок, Тајланд)
40. Schloss Schauenstein (Фурстенау, Швајцарија)
41. La Cime (Осака, Јапонија)
42. Quique Dacosta (Дениа, Шпанија)
43. Boragó (Сантјаго, Чиле)
44. Le Bernardin (Њујорк, САД)
45. Narisawa (Tокио, Јапонија)
46. Belcanto (Лисабон, Португалија)
47. Oteque (Рио де Жанеиро, Бразил)
48. Leo (Богота, Колумбија)
49. Ikoyi (Лондон, Велика Британија)
50. SingleThread (Хилберг, САД)

Слични содржини