Преговорите со Европската унија започнаа и тоа е јасно, тоа го кажаа сите, тоа го кажа и премиерот на Чешка, актуелниот претседавач со ЕУ порача членот на Извршниот одбор на СДСМ Андреј Петров во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Петров истакна дека скриниг процесот е составен дел од преговорите како за секоја претходна членка така и сега за Република Северна Македонија.
Она што е важно, посочи Петров е што Протоколот е надвор од преговарачката рамка и дека не е точно тврдењето дека тој Протокол може да биде повод за постојани вета на нашиот евроинтегративен процес.
„Покрај тоа, се расеа и маглата од лаги околу македонскиот јазик, имаме чиста формулација на македонски јазик, тоа го видовме и во Брисел, тоа го кажа и претседателката на Европската комисија, како и бројни еврокомесари“ истакна Петров.
Осврнувајќи се на нотарските изјави на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Петров посочи дека пратениците својата заклетва ја даваат пред Уставот и законите а не пред лидери на партии и додаде дека секој пратеник има свое убедување по кое носи одлуки за одредени прашања, како и тоа дека е несериозно во парламентарна демократија некој своето мислење да го заверува на нотар.