„Подготвени сме нуклеарно да се спротивставиме на Америка“

од Stefanija Kuzmanovska
131 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун денеска изјави дека неговата земја е подготвена да го мобилизира својот нуклеарен арсенал и да се спротивстави на Америка, а во исто време го критикуваше новиот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јул, предупредувајќи дека Сеул ја доведува ситуацијата на работ на војна.

Ким ги даде забелешките за време на говорот по повод 69-годишнината од примирјето во Корејската војна, која ги остави Северот и Југот технички сè уште во војна, според севернокорејската новинска агенција KCNA.

Нашите вооружени сили детално се подготвија да одговорат на секоја криза, а нашата нуклеарна одбрана е подготвена брзо да се мобилизира со полна сила, да дејствува прецизно и навремено, изјави севернокорејскиот лидер, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини