Пред неколку дена грчкиот локален весник „Родиаки“ објави неверојатна приказна за настан на островот Родос. Една жена добила казна за паркирање во јуни, а кога го отворила пликот останала шокирана. Во казната било наведено дека за прекршокот непрописно паркирање должи повеќе од шест милиони евра.
Точната сума на уплатницата всушност била 6.648.444 евра, а како што пишуваат грчките весници, жената првично мислела дека се работи за казна од 6.648 евра, што сепак е огромна сума за било која казна.
Меѓутоа, кога погледнала повнимателно, сфатила дека подолу не стојат центи, туку евра, па на некој начин и олесна, бидејќи била сигурна дека се работи за многу чудна грешка. Веќе следниот ден, таа ја посетила локалната администрација во градот Родос, која и ја изрекла казната. Откако на службеникот му ја покажала сумата што требала да ја плати, успеала и да се пошегува – рекла дека нејзината кредитна картичка не ја покрива таа сума и дека повеќе би сакала да плати во готово.
Но, на казната пишувало дека максималниот износ од 100 евра може да се плати во готово.
Кога ја погледнал казната, службеникот ја уверил жената и рекол дека тоа мора да е голема грешка. По дополнителните проверки жената на крајот не морала да плати ништо.
Воопшто сепак не е јасно како се случило некој да изрече парична казна со оваа сума, а се претпоставува дека тоа е од невнимание или грешка.