Шпанското Министерство за еднаквост започна летна кампања која ги охрабрува дамите да не се грижат за своето тело кога одат на плажа.
„Летото е и наше“ е слоган кој стои на фотографија од пет жени со различни типови на тело и тежина.
Сите тела се подготвени за плажа, вели министерот за социјални услуги, Јоне Белара, пишува Би-би-си.
Потребите за убав физички изглед не само што влијаат на самодовербата на жените, туку и ги обесправуваат нивните права, вели Антонија Моријас од Институтот за женски студии.
Во илустрацијата на пет жени кои се опуштаат на плажа, има и жена во топлес која направила мастектомија.
Од институтот кој стои зад иницијативата нагласуваат дека таа е обид да се покаже дека сите тела се прифатливи.
Жените треба да уживаат во летото како сакаат, кога сакаат и со кого сакаат, се вели во рекламата.
Денеска креваме здравица за лето за сите, без стереотипи и естетско насилство врз нашите тела, се додава.
Сепак, не сите реагираа позитивно на кампањата на шпанската влада.
Каио Лара, лидер на Обединетата левица, смета дека се создава проблем таму каде што не постои.
Други веруваат дека кампањата треба да ја прошири својата порака за да ги вклучи и мажите со прекумерна тежина.