Студентот Танасис Зервас (23) вчера ненадејно починал на плажа на островот Сифонс во Грција. Наодите од обдукцијата укажуваат дека причина за смртта на младиот човек е кардиореспираторна инсуфициенција, миокардна исхемија и пулмонален едем.
Шефот на форензичката служба на Пиреја Илиас Бујукас истакнал дека поцелосна слика ќе има кога ќе завршат лабораториските испитувања.
„Телото е предадено со назнака дека починатиот е заразен со коронавирус, но тоа не го знаеме со сигурност, ќе ги чекаме резултатите“, рече тој.
Како што пишуваат грчките медиуми, младиот човек добил температура на 24 јули. Ден подоцна, на 26 јули, тој бил позитивен на коронавирус, пренесува „protothema.gr“.
Тој, наводно, продолжил со летните активности како и обично, посетувајќи ја плажата на кампот каде што кампувал со својата група. Се зборува дека сите заедно седеле таму и дека во еден момент почувствувал болка во стомакот.
Неговите пријатели се обиделе да му помогнат, веднаш повратил и по 15 минути колабирал и изгубил свест.
Брзата помош веднаш дошла на плажата и го однела во здравствен дом. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но за жал младиот човек не можел да биде спасен. Потоа, наводно, му бил даден уште еден тест за коронавирус, кој бил позитивен.
Трагичната вест за смртта на младиот човек ја соопшти пријател на неговото семејство, кардиологот Панајотис Јаковидес.