Суарез се врати во Уругвај, потпиша невообичаено краток договор

од Nikola Popovski
169 прегледи

Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Луис Суарез потпиша петмесечен договор со Национал, соопшти клубот од Монтевидео.

Суарез (35) ќе игра за националниот тим до Светското првенство во Катар, кое е на програмата од 21 ноември до 18 декември.

Претседателот на Национал, Хозе Фуентес изјави дека славниот уругвајски напаѓач ќе пристигне во Монтевидео викендов и ќе биде подготвен за првиот четвртфинален натпревар од Копа Судамерикана против бразилскиот Атлетико Гојаниенсе.

Играчката кариера Суарез ја започна во Национал каде играше до 2006 година. За клубот од Монтевидео одигра 35 натпревари и постигна 12 гола.

Уругвајскиот напаѓач потоа играше за Гронинген, Ајакс, Ливерпул и Барселона, а последните две години ги помина во Атлетико Мадрид. За репрезентацијата на Уругвај настапи на 132 натпревари, а постигна 68 голови.

Уругвај на Светското првенство ќе игра во групата Х со Португалија, Гана и Јужна Кореја.

Слични содржини