За влез во земјава се чека до еден час, за излез околу 30 минути

од Nikola Popovski
199 прегледи

И утрово се чека до еден час за влез во земјава на граничниот премин „Табановце“. Колоните се тука и за камионите и за патничките автомобили.

-На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40-60 минути, а на граничниот премин Богородица за влез и за излез се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.

-Поради крајот на работната недела и шпицот на туристичката сезона зголемен интензитет на сообраќај се очекува на автопатите кон Бугарија и Македонија, затоа и на премините со овие земји треба да сметате на подолго време на чекање, соопшти Автомото сојузот на Србија (АМСС).

Од таму влеат дека на гп „Прешево“ за излез, приватни возила чекаат два и пол часа, а автобуси еден час.

Слични содржини