Спасовски го демантира Реџепи дека правел притисоци за Боки 13: Бара јавно извинување во рок од три дена

од Nikola Popovski
382 прегледи

Директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски во целост ги отфрла наводите и обвинувањата на поранешниот директор на затворот Идризово, Реџеп Реџепи изнесени во порталот, „А1 он“, за наводни притисоци за преместување на Бојан Јовановски и Сеад Кочан во други полоши услови.

-Спасовски бара од Реџепи јавно да се извини во рок од три дена за изнесената клевета. Во спротивно ќе ги преземе сите институционални мерки за заштита на своето достоинство и интегритет. Ваквите изјави нема да ја поколебаат Управата за извршување на санкции да се справува против девијантните однесувања а неселективната борба против криминалот и корупцијата во казнено поправните установи ќе продолжи и во наредниот период, стои во демантот од Министерството за правда.