Кулеба: Означете ја Русија како терористичка земја

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Украинското Министерство за надворешни работи ја обвини Русија дека извршила воено злосторство со напад на казнено-поправниот дом Оленивка, кој е под контрола на проруските сили и таму се држат украински затвореници.

„Ги повикувам сите партнери силно да го осудат ова брутално кршење на меѓународното право и да ја означат Русија како терористичка држава“, напиша на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, пренесе „Ројтерс“.

Претходно денеска Украина и Русија меѓусебно се обвинија дека се одговорни за нападот на Оленивка, а Москва соопшти дека бројот на загинати во нападот е 40.

Слични содржини